Групна изложба ,,Периферии“ во Центар за култура ,,Григор Прличев“-Охрид

Идејата на резиденцијата била да се инспирираат уметниците да пронајдат врски помеѓу нивната авторска практика и кревката околина на Охридското Езеро и неговите жители.
На изложбата може да се видат делата на: Јара Асмар (Yara Asmar), Клаудио Беоркија (Claudio Beorchia), Јулија Ехлер (Julia Eichler), Кафар Рзаев (Qafar Rzayev) како и перформативно поетско чи- тање на Ката Ѓорфи (Kata Győrfi) во определен термин.
Проектот ПРОСПЕР го реализираат пет организации: Перипетија Продукција и ЛДА Струга (Северна Македонија), ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија) и Ојун (Германија).
Истиот е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија, како и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

