Со групна изложба ,,Реоткривање“ на дела од десет локални уметници, во Europe House-Струга денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на уметтноста.

Во новиот простор на Europe House своите дела ќе ги реоткријат уметниците Ѓорги Крстески, Горан Ристовски, Енкел Дика, Милко Нестороски, Викторија Попоска, Христијан Томаноски, Лида Шерафатманд, Војса Положани, Билјана Гулеска и Бриџита Зубери.
Љубителите на уметноста освен што ќе ги погледнат делата, ќе имаат можност да поразговараат и со уметниците.
Изложбата ќе биде отворена во 20:00 часот.
Светскиот ден на уметноста е меѓународна прослава на уметноста што ја прогласи Меѓународната асоцијација за уметност (IAA) во 2012 година, со цел да се промовира и да се подигне свеста за креативната активност низ светот. Датумот е прогласен во чест на роденденот на Леонардо да Винчи, кој беше избран за симбол на слободата на изразување, толеранцијата, солидарноста и мултикултурализмот.
Strugaonline
Facebook Коментари