Втората книга на Моника Херцег, која е сѐ уште во ракопис, е добитник на наградата „На врх језика“ за најдобра неиздадена поетска книга за 2018 година. Таа годинава би требало да биде испечатена.

Младата поетеса е избрана во 2019 година да ја претставува Хрватска во проектот „Версополис“, во кој учествува и СВП.

Наградената книга според правилата од страна на Струшките вечери на поезијата ќе биде објавена во тројазично издание (хрватски, македонски и англиски јазик). Истата ќе биде претставена за време на овогодишното издание на фестивалот (21–28 август), кога и ќе ѝ биде врачена наградата.

Извор и фото: СВП