Хуманитарна акција денеска во Струга – приклучете се!

- Локални
780

Денеска, Општина Струга во соработка со Центар на Заедницата на општина Струга, Црвен Крст Струга и Центар за Социална Работа Струга, ќе одржи активност по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА за собирање на облека, хигиенски и парични средства за категории на ранливи социјални семејства.

Активноста ќе се одржи во Сала на Совет на општина Струга (до Народна одбрана) од 9:00 до 16:00 часот, каде што во 13:00 часот ќе присуствува и градоначалникот на општина Струга г. Рамис Мерко кој ќе одржи говор.

Strugaonline

Facebook Коментари