Хуманитарна трка со пластични патки на 3-ти јули во Струга

- Локални
502

Во организација на Кочва Мала и Винска куќа, на 3-ти јули, за прв пат во Струга ќе се одржи трка со плчастични патки, а дел од средствата што ќе се соберат на настанот ќе бидат наменети за деца со посебни потреби.

Како што информираат организаторите, 1000 пластични патки истовремено ќе бидат пуштени од Мостот на поезијата, a целта ќе биде чаршискиот мост.

Наградата за ,,најбрзата патка“ е 1000 евра.

,-Трката со патки“ имав можност да видам во периодот кога живеев во Чикаго, САД. Од таму ја добив идејата и инспирацијата, а целта е да собереме средства за деца со посебни потреби. Ќе направиме еден убав спој на забава и хуманост и верувам дека стружани ќе дојдат во голем број-изјави за Strugaonline, Димитар Кочоски, организатор.

Билтети по цена од 300 денари ќе бидат пуштени во продажба во понеделник во ,,Koчква маала“, ,,Винска куќа“ и во хотел ,,Дрим“.

Кочоски најави дека на барање на стружани, на 6-ти јули повторно ќе се одржи ,,Пиво фест“, а програмата ќе биде комплетирана наскоро.

Strugaonline

 

Facebook Коментари