Хуманитарна трка со пластични патки во Струга на 3-ти јули, билетите се во продажба

- Локални
1166

Во организација на Кочва Мала и Винска куќа, на 3-ти јули, за прв пат во Струга ќе се одржи трка со плчастични патки, а дел од средствата што ќе се соберат на настанот ќе бидат наменети за деца со посебни потреби.

Како што информираат организаторите, од Мостот на поезијата точно во 19:00 часот истовремено ќе бидат пуштени 1000 пластични патки,  a целта ќе биде чаршискиот мост.

Наградата за ,,најбрзата патка“ е 1000 евра.

Билтетите се во продажба во Кочва мала, Винска куќа, Дуќан и Пливалиште.

На секој билет има број, така што, сите присутни ќе имаат своја патка со која се натпреваруваат.

Strugaonline

 

Facebook Коментари