И оваа година традиционално се накити подводната елка во Охрид
Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид и годинава традиционално ја накитија новогодишната елка под вода.
Новогодишната елка беше поставена под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода во Охридското Езеро. Традицијата за поставување на подводната елка трае повеќе од 20 години и симболично ги одбележува претстојните новогодишни и божиќни празници.
Елката ја поставија нуркачите на нуркачкиот центар „Амфора“ во соработка со Здружението за ретки болести со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид.
StrugaOnline

