И покрај обилните врнежи од дожд, вчера Струга трчаше за Кочани – со срце и без двоумење

- Локални
446

И покрај обилните врнежи од дожд, вчера во Струга се одржа хуманитарната трка „Сите за Кочани-Трчаме заедно“.

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуропхаус го одбележаа „Денот на Европа“ со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани.

И покрај дождот, улиците на Струга вчера беа полни со поддржувачка енергија, насмевки и луѓе што се движат за добра кауза. На 25 мај, стружани беа дел од големата хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“, што истотака се одржа во седум града низ државата, со поддршка од Црвен Крст Струга и по повод Денот на Европа.
Без разлика дали некој трчаше, шеташе или навиваше – сите бевме дел од истата мисија: солидарност во движење. Благодарност до сите што се приклучија, помогнаа или донираа. Струга покажа дека знае да застане зад оние на кои им е најпотребно, велат организаторите.
Средствата од котизациите се наменети за помош на заедницата во Кочани.
StrugaOnline

Facebook Коментари