Играниот филм „Банат“ вечерва пред струшката публика

- Локални
802

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга (голема сала),вечерва , со почеток во 19:00 часот, ќе се прикажува играниот филм „Банат“ во режија на Адриано Валерио. Оваа филмска проекција е дел од проектот Денови на македонскиот филм, во рамките на НОВ КУЛТУРЕН БРАН 2018 година од страна на МЗФП – Здружение на филмски продуценти на Македонија. Влезот е бесплатен.

„Бари, град во економска криза. Иво е агроном, но поради неможност да се вработи, заминува на работа во Банат во Романија. Клара е на работ да ја изгуби работата во пристаништето во Бари. Двајцата се сретнуваат случајно и веднаш се разбираат меѓу себе. Тие поминуваат само една ноќ заедно, но тоа е доволно да се создаде врска и да сакаат да се сретнат повторно. Кога Клара го посетува во Романија, тие се вљубуваат. Но, дали само егзил е патот до среќата?“ – стои во описот на кратката содржина на филмот.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари