„Импровокација“ се враќа на сцена овој петок во Охрид

- Локални
1080

На 15-ти септември (петок) во Охрид ќе започне третата сезона од театарската импровизација „Импровокација“.  Целите и местото на одржување и годинава се исти, да ве насмеат и забавуваат, нешто што изминатите две сезони одлично им одеше од рака на познатите актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, помогнати од Филип Ангеличин Жура.

„Ги преживеавме горештините, гужвите, земјотресите и бикините и сега освежени како ИРМА ќе напаѓаме во петок.“ – велат актерите.

„Импровокација“ ќе се игра во 21:00 часот на  алтернативната сцена на театарот, во подрумските простории на Центарот за култура. Билетите можат да се набават во музичка продавница Зизи Топ, во претпродажба по цена од 150, а на денот на изведбата ќе чинат 200 денари.

Извор: Strugaonline

 

Facebook Коментари