,,Импровокација“ слави шести роденден, роденденското шоу закажано за петок во Народен театар Охрид

- Локални
553
Шоуто ,,Имрповокација“ го слави својот шести роденден, и ве поканува на роденденската Импровокација што ќе се игра во петок, 4-ти март, со почеток во 20:00 часот на малата сцена при Народен театар Охрид.
,,Драги наши лепотици и лепотани, вие шо сте овни во хороскоп и што ,,мексичкиот бран” ви е непознат поим. Среќни сме да објавиме дека најпопуларното шоу меѓу политичарите славишест години . Шест години импровизираме и ја демистифицираме магијата на создавање театарски игри заедно со вас. По тој повод ве каниме на уште една незаборавна, спонтана, забавна и смешна Импровокација,, – велат актерите од ова познато шоу.
Првото шоу на ИМПРОВОКАЦИЈА се одржа на 25.02.2016 во година на „Керал“ сцената при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.
Eкипата која успеа во реализацијата на својата идеа, и веќе шест години го држи вниманието на публиката се актерите од Охридскиот Театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски.
Strugaonline

Facebook Коментари