In Memoriam: Почина Коста Миса основачот на Миса Маркети

Миса Коста е роден 1940 година.
Од компанијата „Миса Маркети“ и роднините го испраќаат со последен поздрав:
-Почитуван татко, основач, визионер и пред сè – човек.
Миса Коста беше првиот што го трасираше патот. Основач на нашата фирма и темел на вредностите врз кои таа е изградена – со својата мудрост, ведрина, човечност и правичност тој не само што остави име, туку остави патека по која ќе чекориме и понатаму.
Неговите зборови не беа гласни, но секогаш беа полни со сила.
Неговата насмевка – секогаш присутна.
Неговите совети – едноставни, длабоки, незаборавни.
Во тивка болка, но и во длабока благодарност, ветуваме:
ќе го продолжиме неговото дело, со истата љубов кон работата, кон луѓето и кон вистинските вредности.
Нека му е лесна земјата.
Нека е вечна светлината што ја остави зад себе.
Посмртните останки ќе бидат изложени денес во капелата во Струга од 13 до 14 часот
Погребот ке се изврши во 14 часот.
StrugaOnline
