Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии ги покануваат локалните граѓански организации и медиуми од Југозападниот плански регион на информативна сесија во врска со Програмата за мали грантови во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија.
Информативната сесија ќе се одржи на 11 јуни 2018 г. (понеделник) со почеток во 15:30 часот, во просториите на хотел Дрим во Струга.
Конкурсот за мали грантови е првиот од двата циклуса на Програмата за мали грантови, со краен рок за пријавување до 6 јули 2018 година. Во рамките на првиот циклус е предвидено да се доделат 8 грантови со кои ќе се поддржи по еден проект од 8-те плански региони во Македонија. Вкупниот буџет за грантови во првиот циклус изнесува 50.000 евра, односно ќе бидат доделени поединечни грантови во износ помеѓу 5.000 и 7.000 евра.
Основна цел на проектот е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.
Специфичните цели на проектот се: Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности; Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вкл. и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции.; Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на м едиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување.
Сите детали за повикот се достапни на следниов ЛИНК
Strugaonline
Facebook Коментари