Со заедничка иницијатива на Градоначалникот на Општина Струга, г-дин Рамис Мерко и Директорот на економската дипломатија на Министерството за надворешни работи на нашата земја, г-дин Игор Попов, во просториите на хотел ,,Дрим“, се одржа информативно-советодавна средба помеѓу Екномските промотори на ова министерство и претставниците (сопствениците) на различните бизниси (туризам-угостителство, производство, градежништво и слично). Во двочасовната средба, на која присуствуваше и Директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, г-дин Љупчо Јаневски, се дискутираше за целите на промоторите во презентирањето на проектите и капацитетите на нашите бизнисмени во странските земји каде тие се определени како амбасадори, но и за проблемите и препреките со кои се соочуваат овие претпријатија, особено во областа на извозот на стоки.
,,Економските промотори ветија дека ќе работат на креирањето на деловни врски меѓу нашите и странските субјекти, на презентација на понудата на нашите бизнисмени спрема странските потенцијални инвеститори и на решавање на препреките или бариерите од аспект на легислативата во трговските односи. Несомнено, и нашата општина, со своите административни капацитети, ќе биде вклучена активно во однос на помагањето на економските субјекти.“ – соопштуваат од Општина Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари