Иницијатива за продолжување на породилното отсуство – и стружани можат да го дадат својот потпис

- Локални
1489

На социјалните мрежи, се шири соопштение дека по иницијатива на граѓаните, во период од 20.09 до 07.10.2017 во Струга, во канцелариите на ДИК, карши влезот на Централен регистар, над маркетот Снеспа, стружани со лична карта, можат да го дадат својот потпис за донесување на предлог закон за продолжување на породилното отсуство на 18 месеци.

„Продолжувањето на породилното отсуство на мајката е од суштинско значење за создавање на вистински здрава нација, не само заради потребите на новороденото, туку и заради потребите на мајчиниот организам и нејзината психотелесна релација со новото дете“ – стои во соопштението споделено на социјалните мрежи.

Извор: Facebook

 

 

Facebook Коментари