Центарот за бизнис психологија “Системски & НЛП” во соработка со меѓународни професионалци, организира инспиративни работилници кои што ве водат на патување низ кое се откривате себе си. Работилниците под мотото „Just me“ започнуваат денеска, а ќе траат до 28 мај.Овој инспиративен фестивал е наменет за сите љубопитни трагачи и за останатите кои што чувствуваат потреба за промена, за оние кои што сакаат активно да се вклучат во креирањето на својот живот и да ги оставарат своите лични и професионален цели. Ова е прв инспиративен фестивал во Македонија, а ќе се одржи во хотел Гранит во Охрид.
Организаторите најавуваат квалитетни работилници и програми, Јога концерт, кафе и ручек за време на работилниците и коктел.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари