Лев банер Десен банер

Интензивно се уредуваат тревните површини во Струга

Екипите на ЈП„Комунално“ Струга од секторот за уредување на јавните зелени површини ги продолжија своите активности за редовното уредување на тревните површини, дрворедите, како и на кејовите на реката Црн Дрим. Активностите се реализираа на повеќе локации на градот.

-Во рамките на тие активности екипите на ЈП„Комунално“ Струга извршија кастрење на гранки – уредување на крошните на дрвјата, косење на тревните површини како и чистење на секаков вид отпад од јавните зелени површини, товарање и транспорт на оптадот до депонија. – информираат од ЈП „Комунално“ – Струга.

Strugaonline

фото: Општина Струга

 

 

error: