Инженери од ЕВН Македонија држеа интерактивно предавање за енергетска ефикасност во Гимназија ,,Д-р Ибрахим Темо“

- Локални
1036

 

На иницијатива на професорката Гордана Чакареска, стручни лица од ЕВН Македонија им одржаа интерактивно предавање на учениците од прва и трета година во Гимназија ,,Ибрахим Темо“ на тема Енергетска ефикасност и заштедување на електрична енергија.

Во текот на обуката, инженерите Горан Мијовски, Маријан Балтоски, Насих Речи и Бобан Савески, им објаснуваа на учениците како се произведува електрична енергија, како истата стигнува до крајните потрошувачи, ги прашуваа учениците кои апарати според нивното мислење најмногу трошат, па презентираа за сите апарати како да се користат за да се заштеди електрична енергија.

,,Сведоци сме за зголемената потрошувачка на електрична енергија во зимскиот период, со оглед на ограничените капацитети за производство на електрична енергија – треба да размислуваме за енергетска ефикасност и како да штедиме електрична енергија. Токму поради тоа, сметав дека е потребно да повикам стручни лица од ЕВН Македонија, на учениците да им ја доближиме оваа тема и да добијат корисни информации кои потоа ќе можат да ги споделат и со другите.“ – изјави Чакареска.

 

Таа додава дека учениците научија како да ги користат електричните апарати ,а сепак да заштедат и на сметките за електрична енергија, прашање кое ги засега сите, посебно во зимскиот период. Учениците на предавањето донесоа изработени постери со мотото ,,Струјата се штеди затоа што многу вреди“ и пораки за користење и заштеда.

Strugaonline

Facebook Коментари