Македонски фолклорни групи составени од иселеници ќе учествуваат на третиот Иселенички фестивал што вечерва ќе се одржи на платото пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
-На фестивалот ќе учествуваат фолклорните друштва „Македонка“ од Виена и „Разиграна Македонка“ Квинбијан, Австралија, како и МКД „Свети Кирил и Методиј“ од Крањ, МКД „Охридски бисери“ од Нова Горица и МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек.-информираат од Центарот за култура во Струга.
Иселеничкиот фолклорен фестивал е во организација на Агенцијата за иселеништво согласно надлежноста за помагање на културниот развој на иселениците.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари