Матирантор од Јахја Кемал Колеџ, Алексиј Тасиќ, освои златен медал на најпрестижната Меѓународна математичка олимпијада (ИМО 2025), одржана во Австралија.
Неговата посветеност, исклучителен талент и континуирани успеси на меѓународни натпревари се доказ за неговата извонредна способност и упорност.
-Со особена чест исто така го истакнуваме успехот на нашиот ученик Леонид Тодороски, кој на истата олимпијада доби Пофалница (Honourable Mention), претставувајќи ја Македонија со голема посветеност и достоинство. Во име на ПСУ „Јахја Кемал“, им упатуваме искрени честитки на Алексиј, Леонид и на целата македонска екипа. Им благодариме за нивниот труд и за начинот на кој ја претставија нашата држава и наше училиште на светската сцена, велат од ПСУ „Јахја Кемал“.
StrugaOnline
Facebook Коментари