ИТ клубот при СОУ Гимназија „Др.Ибрахим Темо“ остварија посета на градот Измир

- Локални
550

ИТ клубот при СОУ Гимназија „Др.Ибрахим Темо“, составен од ученици и професори од три наставни јазици, од сите 4 наставни години остварија посета на градот Измир.

„Во Измир не примија домаќините – гимназијата Izmir Cigli Yildiz Tinas Izmiroglu посебно мора да се истакне нивната гостопримност и соработка меѓу учениците.

Бевме и во посета на стручно приватно училиште IAOSB кое соработува со неколку фабрики во Измир Ататурк индустриската зона припрема кадри за нив, а и за понатамошно школување на универзитети. Улилиштето беше премногу опремено и задоволство наше е посетата.

Мора да се истакне посетатата на музеј каде имавме прекрасен филм од областа на астрономијата и неколку практични вежби од областите на Никола Тесла.

За крај е математичката школа во Ширинџе, под името Несин школа – што е име на професорот кој ја формирал и води. Инаку оваа школа е уникатен пример во светот ….

Секако во слободно време учениците се дружеа меѓусебно, разменија искуства …заминавме со надеж дека учениците од Измир ќе ја возвратат посетата заедно со нивните професори.
Се вративме со прекрасни впечатоци – известуваат за нивните импресии од Измир, ИТ клубот при СОУ Гимназија „Др.Ибрахим Темо“.

StrugaOnline

Facebook Коментари