Лев банер Десен банер

Иван Славкоски од Радожда – малиот уметник со големо срце

Иван Славкоски од Радожда е ученик во VIII одделение во подрачното училиште ООУ „Јосип Броз Тито“ во с. Радожда, уште од својата седма година го открил светот на уметноста и сликањето. Денес, неговите цртежи пленат со боја, емоција и искреност.
Инспирација пронаоѓа во луѓето, природата, па дури и во тажните моменти, а најмногу сака да слика луѓе и животни. Со радост работи со секој материјал и вели дека додека слика, се чувствува смирено и исполнето.
Омилено дело му е „Лебедот“, неговата прва и најголема слика, во која вложил многу труд и љубов. Во иднина, Иван сонува да ја совлада техниката на сликање со маслени бои.
На сите кои сакаат да започнат со уметност им порачува: „Учете многу, бидете упорни и секогаш бидете задоволни од себе.“

StrugaOnline

error: