Избран нов Совет и претседател на Месната заедница во Пискупштина
Во организација на Одделението за соработка со Месни заедници при Општина Струга, на 9 април 2026 година во просториите на училиштето во село Пискупштина се одржа Собир на граѓани за избор на нови членови на Советот на Месната заедница, како и избор на претседател.
Собирот започна во 18:30 часот и помина во присуство на претставник од Општина Струга, како и на голем број жители на селото. Настанот се одвиваше во конструктивна атмосфера, при што граѓаните активно учествуваа во процесот на избор.
На собирот едногласно беа избрани седум членови на новиот Совет на Месната заедница Пискупштина. За претседател на Месната заедница беше избран Роме Анѓелкоски.
Покрај него, за членови на Советот беа избрани и Дејан Анѓелкоски, Александар Колоски, Никола Џутески, Никола Цацаноски, Цвете Анѓелкоски, Кристијан Цацаноски.
Од Одделението за соработка со Месни заедници при Општина Струга информираат дека изборниот процес поминал успешно и во согласност со предвидените процедури, при што е изразена надеж дека новиот состав ќе придонесе за понатамошен развој и унапредување на животот во Месната заедница Пискупштина.
StrugaOnline

