Опожарена штала во село Ложани. Пожарот во ТППЕ Струга бил пријавен во 2 и 16 часот после полноќ.
Веднаш на терен биле упатени три противпожарни возила и осум пожарникари.
„Со брза и навремена интервенција на ТППЕ Струга спречено е проширување на пожарот кон куќата, со делумно оштетување, додека шталата целосно е изгорена .Во пожарот е предизвикана материјална штета .“ – информираат од противпожарната служба.
Причините за пожарот не се познати.
Strugaonline
Facebook Коментари