Лев банер Десен банер

Изгоре трансформатор во пумпнатата станица во Шум, работник за малку ќе настрадал трудејќи се да ја спаси другата инсталација

Непредвиден дефект  настана во Пумпна Станица Шум каде изгоре еден трансформатор и за малку беше избегната  трагедија каде што можеше да загине наш работник , трудејќи се да го спаси останатиот дел од инсталацијата.-информираат од ЈП Водовод и Канализација.

Oд таму информираат дека работникот е добро и поголем дел од инсталацијата е спасена, но до санирање на проблемот ќе има мал притисок на вода.

-Не сакаме никогаш да помислиме дека овде учествувал човечкиот фактор, меѓутоа ова е дефект што никогаш не се случил порано и затоа е сомнително.

Ги повикувам сите граѓани и таканаречените “-„Советници од фејсбук” да повелат и да ги видат нашите работници во с. Шум, и да им дадат поддршка на тие што многу често се на првата линија на опасноста за ние да имаме квалитетна вода и во соодветен капацитет.- велаг од претпријатието.

Strugaonline

error: