Лев банер Десен банер

Излезе од печат алфа верзијата на  монографија „Знам за еден град крај езеро (Струшки навивачки хроники) од Коста Хиохи

Излезе од печат алфа верзијата на  монографија „Знам за еден град крај езеро (Струшки навивачки хроники) од Коста Хиохи.

„Монографијата е  своевиден паметник на спортскиот живот во градот од настанувањето на првите спортски клубови до денес , а виден и раскажан од обичниот струшки навивач. Изобилува со бројни познати и малку познати историски факти за обичните навивачи, и за оние формалните (Карчовци и Паткари), преку 45 интервјуа од навивачи од различни генерации , подржани и разубавени од бројни фотографии (професионални и аматерски)“ – информира авторот. 

На оваа значајна монографија, Хиохи работел изминативе три години.

„Целта е да ги зачувам од заборав личните спомени на моите  драги сограѓани и да го забележам успехот на можеби најуспешниот спортски град од едно време и конструктивно да ја искритикувам очајната ситуација во која се наоѓа струшкиот спорт изминативе години.“ – потенцира Хиохи. 

Тој се заблагодарува на сите помагатели и соработници.

Целосното издание на монографијата се очекува за две недели, а промоцијата ќе почека до стабилизирање на состојбата со КОВИД 19.

Strugaonline

 

error: