Излезе од печат првиот ,,Пензионерски информатор“ во издание на ,,ЗП Струга“

- Локални
464

Излезе од печат првиот број на ,,Пензионерски информатор“, за поцелосно информирање на струшките пензионери и пошироко за 2023 година.

Пензионерскиот информатор е отпечатен на 100 страници и со уште толку фотографии, вклучени се шест интервјуа на првите лица на здружението. Информаторот е составен од пет прилози : ,,Екскурзии и летувања“, ,,ЗП Струга жарче кое никогаш нема да згасне“, ,,Здружението на пензионери Струга препознатлив белег на еден град е фолкорот“, ,,Со спортот го негуваме телото и духот“, ,,фолклорот ги зближува народите -тој не познава граници“ и ,,Пензионерите со аманет за идните пензионери.“

Издавач на Првиот пензионерски информатор е Здружението на пензионери од Струга, главен и одговорен уредник Милорад Трпоски, заменик Минир Мамуди, секретар Јоиван Попоски, уредник на текстовите и фотографиите Стојан Кукунешоски.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари