Изложба и промоција на фотомонографија за 90-годиншнината од основањето на Музејот во Струга

- Локални
920

Со изложбата ,, Фотографии од збирката стаклени негативи на д -р Никола Незлобински ” во природно – научна поставка и промоцијата на ,, Фотомонографија од збирката стаклени негативи на д – р Никола Незлобински ” , струшкиот Музеј денеска го завршува одбележувањето на 90-годишнината од основањето. Изложбата ќе биде отворена во 13:00 часот, а половина час подоцна ќе започне промоцијата на фотомонографијата во Спомен домот на Миладиновци.

Одбележувањето на овој значаен јубилеј започна на 27-ми овој месец, и во негови рамки беа отворени изложбите , „Русите во Македонија 1920 – 1940 г.“ и „ Во допир со минатото ” .

Strugaonline

 

Facebook Коментари