
Во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци”- Струга, во недела ( 23.07.2017) со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи втората изложба ,,По трагите на светлината 2″ од Драган Стефаноски.
Драган Стефаноски како многу Стружани и тој од рано детство бил
љубител на фотографијата. Од 1980 натаму активно творел и изработувал аматерски филмови со секојдневни убави мигови од Струга ,Охрид и од други околни места. Со презентирање на фотографија започнал активно од 2010 година .
Ги повикува сите љубители на фотографијата да се вклучат во популаризацијата на нашиот град Струга и цела Македонија воопшто.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари