Изложба на фотографии со контекст „Струга, некогаш и денес“

- Локални
1535

Во 1954 година во Струга и Струшко истражувале американските антрополози Џоел Мартин Халперн и Барбара Керевски Халперн. Во текот на нивниот престој направиле неколку стотини фотографии во Струга, најмногу низ пазарот, како и во околните села: Лабуништа, Велешта и др.
Професорот Халперн и неговата сопруга Барбара како забелешки за Струга ќе напишат:

„Имавме среќа да појдеме во Струга, помал град на северниот дел од езерото, кога беше пазарен ден. Овој пазар, од сите што ги имавме видено досега, беше најколоритен. Беше многу добро организиран и среден. Оваа година биле изградени редови од тули и дрвени полици со модерен дизајн, а, исто така, делот во кој се продава месо беше сместен во затворена зграда со стакла и камен под. Тоа беше исклучително функционално и атрактивно. На еден ред од тезгите беа производите на занаетчиите. Имаше опинци, керамички садови и комплети ножеви со рачки од рог. На друг ред беа продавачите на зеленчук, потоа имаше еден за продажба на сирење и друг за млечни производи. (Тука имаше најмногу жени.)…“ (Џоел Мартин Халпер, Барбара Керевски Џалперн, Писма од Македонија, ЕтноАнтропоЗум 4, 2004: 120-186).

Нивните фотографии ќе бидат поставени на изложба која на 8-ми септември ќе биде отворена на 8-ми септември во Ц.К „Браќа Миладиновци“ во Струга во 13:00 часот, на истата ќе бидат изложени и нови фотографии од Струга, сликани од страна на младите учесници во проектот „Декада на припадност – славење на различностите“  финансиран од Европската Унија

Настанот го организираат: Здружение за локален развој и културно уметничко друштво „Драслајчанка“; Институт за етнологија и антропологија, Природно – математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје; Национална установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга; Граѓанско здружение за промоција и зачувување на влашката традиција и култура „Мбела“ – Струга; Здружение „Деборус“ – Дебар; Здружение „фортеса-Ш 2007“ – Кичево.

Strugaonline

Facebook Коментари