Во сабота, 30-ти јуни во галеријата „Ванѓел Коџоман“ во Струга во 19.00 часот ќе биде отворена изложба на компјутерски цртежи чиј автор е Мила Гулеска-Ноневска.
Авторката е родена во Прилеп во 1951 година, пензионирана професорка по англиски јазик која црта уште од своето детство. Талентот го наследила од своите родители.
Цртањето на компјутер „со глувчето“ ѝ ги исполнува пензионерските денови со радост од создавањето нешто поинакво.
Посетителите на оваа изложба ќе имаат можност да видат една поинаква, оригинална и интересна уметност.
Strugaonline
Facebook Коментари