Заради развој на стрип културата во Република Македонија , ќе се организираат стрип изложби во Ресен, Струга и Охрид. Настанот во Струга е закажан на ден 25.10.2018 во 18:00 часот во Домот на култура „Браќа Миладиновци“-галерија „Вангел Коџоман. “
Во рамките на изложбата, ќе бидат презентирани наградени стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес ,како и стрип дела на македонски стрип автори од нивниот повеќегодишен опус. .Бидејки СЦМ-Велес цели кон афирмирање на стрипот низ сите етнички колективитети , ќе се презентираат и стрипови на албански јазик вр основa на интернационалната соработка. Настанот е финансиски поддржан од страна на Министерството за култура на Р.Македонија преку програмата„Нов културен бран “
Strugaonline
Facebook Коментари