Изложба на уметничките дела од Детската ликовна школа вечерва во Вевчани

- Локални
824
Вечерва во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски “ – Вевчани со почеток во 20:00 часот ќе се отвори изложбата на уметничките дела од Детската ликовна школа која годинава се одржа во рамките на ликовната колонија „ Вевчански видувања “ .
Оваа изложба е во рамки на манифестацијата ,,Вевчанско лето“ што започна на 15-ти овој месец, а ќе трае до 31-ви август.

-„ Вевчанското лето“ изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти, предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, научни случувања и истата ќе се случува на повеќе локации низ Вевчани.-посочува градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочоски пред почетокот на оваа манифестација.
Вевчанското лето е под целосно покровителство на Општина Вевчани, поддржано во рамките на програмата за финансирање на проекти од локален интерес во културата за 2022 година, а во организација на здружението Вевчани Турист Инфо.
Strugaonline

Facebook Коментари