Во Центарот за култура “Браќа Миладиновци” – Струга, во сабота , 19-ти август со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена првата изложба на Здравка Крстиновска.
Делата се изработени во Енкаустика- техника на сликање чии корени потекнуваат од минатото која што во поново време добива нова димензија.
Она што оваа техника ја издвојува од останатите е мешањето на чист восок и пигмент и нанесување на подлога со помош на топлина. Сликањето со оваа техника дава посебен вид на слобода во изразувањето. Низ делата може да се препознаат различни мотиви- пејсаж, мотиви од природата, растенија, плодови па и мистични моменти кои најчесто компонираат апстрахирани колоритни композиции.
Здравка Крстиновска е родена во Кочани 1960 година, по професија е дипломиран земјоделски инжињер. Креативниот импулс најчесто и го исполнува слободното време, освен сликањето со енкаустика изработува и накит.

Извор: Strugaonline
Facebook Коментари