Изложба ,,Русите во Македонија 1920 – 1940 г” утре во Струга

- Локални
1082

Утре, (27.11) во Галеријата „Ванѓел Коџоман“ со почеток во 13:00 часот ќе биде отворена изложбата ,,Русите во Македонија 1920 – 1940 г.”

Оваа изложба е преземена од Државен архив на Република Македонија, а е во организација на Државен архив на Република Македонија, Институт за национална историја и Музеј на македонска борба за државност и самостојност.

По победата на Октомвриската револуција, во Русија, 1919 г. многу руски емигранти, симпатизери на претходниот општествен поредок ја напуштиле Русија и се населиле во Европските земји, меѓу кои и нашата. Една група од емигрантите откако пристигнала во Кралевина Југославија, била распоредена во Струга. Меѓу нив бил и основачот на нашиот музеј, д -р Никола Незлобински. За животот и делото на руските емигранти во периодот од 1920 – 1940 г. говори и оваа изложба.

Strugaonline

Facebook Коментари