Изложба „Врелиот снег на Сталинград“ во Охрид
Во склоп на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и Општина Охрид, во Охрид ќе биде отворена изложбата „Врелиот снег на Сталинград”, посветена на 75 годишнината од завршувањето на Сталинградската битка.

Сталинградската битка е една од најкрвавите битки во историјата на човештвото во која што животот го загубија околу 479.000 советски војници и 500.000 германски војници и војници на германските сојузници, додека бројот на загинатото цивилно население надминува неколку десетици илјади.
Победата на советската војска во Сталинградската битка е еден од најзначајните воено-политички настани во Втората светска војна, која што даде голем придонес во Големата Татковинска војна и имаше силно влијание врз исходот на Вторта светска војна.
Изложбата ќе биде отворена на 11-ти мај 2018 година во „Куќата на Уранија” во 19.00 часот.
Извор: ОхридПрес

