Вечерва со почеток од 20:00 часот во Галерија Робевци во Охрид ќе биде отворена изложбата насловена како „АНТОЛОГИЈА“.
На изложбата ќе бидат преставени дела од познатите македонски сликари: Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман и Василие Поповиќ-Цицо.
Изложените уметнички слики се дел од збирката на Современа Уметност при Завод и Музеј-Охрид. За сите љубители на уметноста оваа изложба ќе биде отворена до 11.09.2017-та.
Facebook Коментари