Лев банер Десен банер

Изложбата ,,Еден поинаков поглед кон албумот” од Дијана Томиќ Радевска вечерва во Струга

Вечерва во Административна зграда на Музеј Струга ќе биде отворена изложбата ,,Еден поинаков поглед кон албумот”  од Дијана Томиќ Радевска.

,,Изложбата e посветена на моето семејството -враќајќи се во градот на предците презентирам историско интимно раскажување. Колекционирањето на стари семејни фотографии, аналитично го дополнуваат приказните кои обработуваат едно време, еден народ, една историја. Времето е незапирливо а испрекинато низ мислите. Фотографиите, дигитално отпечатени, се поставени во јукстапозиција, со графички листови, со цртежи и со видео, како концепт на документ и истражување. Поставувајќи ја оваа изложба интердисциплинарно и “in situ”, користејќи делови од куќата и фасадата на Музеј ,,Д-р. Никола Незлобински” кој припаѓал во минатото на моето семејство (дедо по мајка) Несторови го заокружувам концептот.,, -објаснува Радевска.

Почетокот е закажан за 20:00 часот.

 

error: