Лев банер Десен банер

Изложбата ,Од Љубанишча до Дебор“ од Љупчо Милошески синоќа беше отворена во Охрид

Синоќа во галеријата при Н.У Центар за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид, во рамки на 62-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Балкански фестивал“ беше отворена изложбата ,,Од Љубанишча до Дебор“ од Љупчо Милошески.

,,Чест и задоволство ми е што од промоцијата на монографијата до денеска, нејзината убавина и важност е препознаена од трите Републички фестивали во Македонија- ,,Илинденски денови“ во Битола, ,,Пеце Атанасоски“ во Прилеп и синоќа на ,,Балкански фестивал“ во Охрид. Задоволен сум од посетеноста и верувам дека истата секојдневно ќе расте со оглед на тоа дека изложбата е отворена до 10-ти јули.“-изјави за Strugaonline, авторот Љупчо Милошески.

Изложбата ,,Од Љубанишча до Дебор“ освен на споментатите фестивали е презентирана и во Струга, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка и Вевчани, како и на фестивалот на народна носија ,,Бисерна Грана“ во Нови Сад, Србија.

Strugaonline

 

error: