Лев банер Десен банер

Изминатата ноќ силните ветрови предизвикаа паѓање на едно дрво долж шеталиштето на Црн Дрим

Во текот на доцните вечерни часови изминатата ноќ, силните ветрови предизвикаа паѓање на едно дрво долж шеталиштето на Црн Дрим, во непосредна близина на ресторанот „Тај Махал“.
По утврдувањето на состојбата, оперативните екипи на институцијата веднаш излегоа на терен и во раните утрински часови ја спроведоа интервенцијата, при што беше извршено безбедно сечење и целосно отстранување на оштетеното дрво. Интервенцијата беше реализирана со цел обезбедување на јавната безбедност, превенција од потенцијални ризици за граѓаните и воспоставување нормална функционалност на просторот.
-Институцијата останува посветена на континуирано следење на состојбата на јавните површини и преземање навремени и соодветни мерки при појава на вакви или слични ситуации. На граѓаните им се заблагодаруваме за разбирањето и соработката, информираат од Јавното Претпријатие Комунално Струга.

StrugaOnline

error: