Јахја Кемал Струга повторно домаќин на натпреварот „FirStep“
На 04.12,четврток, во просториите на Јахја Кемал Струга, ќе се одржи второто издание на проект-базираниот натпревар „FirStep“, настан кој има за цел да ги поттикне креативноста, иновативноста и тимската работа кај младите ученици.
Натпреварот е наменет за учениците од Јахја Кемал како и за сите ученици од деветто одделение од државните училишта од регионот. Учесниците ќе имаат можност да презентираат свои оригинални проекти, да развиваат идеи и да соработуваат со врсници во натпреварувачка, но мотивирачка атмосфера.
Организаторите очекуваат одлична динамика, голема посетеност и уште подобри проекти од минатогодишното издание. Настанот е отворен за сите љубопитни кои сакаат да ги следат презентациите и да ја поддржат младата иновативна заедница.
StrugaOnline

