Јапонската агенција за меѓународна соработка во посета на Југозападниот регион на Македонија

- Локални
38
Во изминатите два дена, претставници од Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA беа гости на директорката Билјана Стефаноска, која активно работи на тоа токму Македонија да биде избрана за новиот JICA проект во Западен Балкан.
Предложен е Југозападниот регион, а во таа насока се одржаа средби со, Градоначалникот на Општина Охрид – г-дин Кирил Пецаков, Градоначалникот на Општина Вевчани – г-дин Спасе Кочовски и претставници од Секторот за туризам при Општина Струга.
-Целта е да се покаже потенцијалот на регионот за одржлив туризам, заштита на животната средина и културно наследство. Голема благодарност до JICA за интересот – чекор по чекор, кон нова развојна шанса за Македонија, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија.

StrugaOnline

Facebook Коментари