Јавен повик за конституирање локално собрание за млади во Вевчани
Општина Вевчани објави јавен повик за формирање иницијативен одбор за конституирање локално собрание за млади, со цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Локалниот младински совет.

Според Јавниот повик, иницијативниот одбор треба да е составен од пет членови, чија функција е да го формираат Локалното собрание за млади.
– Улога и задачи на иницијативниот одбор се: поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на Локалeн младински совет, распишување повик за конститутивното локално собрание на млади во согласност со статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност и соработка со Општината при организација и одржување на конститутивното локално собрание за млади, стои во повикот.
Во иницијативниот одбор, како што е наведено, може да членуваат младински организации,организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои работат и функционираат на територијата на општина Вевчани и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.
Strugaonline

