Oпштина Струга објави јавен повик за сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата ,,Општинско-корисна работа“, во рамки на проектот,,Граѓаните во служба на граѓаните – прибирање на донации од храна и облека за социјално ранливите групи” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата за Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
млади лица до 29 години
самохрани родители
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
– Работник во центар за прибирање на донации од храна и облека
Заинтресираните невработени лица, пријави за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга во периодот од 04.08.2021година до 12.08.2021 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Струга кај лицето Драги Бицески, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување кај лицето Дрени Даути, Центар за социјлна работа Струга кај лицето Буњамин Бешир.
Извор: Општина Струга
Facebook Коментари