Во текот на јули и август ова лето 2017-то, Јога секцијата од Охрид организира часови по јога во природа. Планирано е утринското вежбање да се одржува во недела во 07:00 часот на плажата Куба Либре, а вечерното вежбање ќе се одвива над плажата Лабино, во бадемовата шума (среда 19:00) . Сите оние кои ќе ги посетуваат часовите по јога треба да носат кометна облека и простирка.
Курсевите се под водство на јога професор Ванчо Тасески и јога асистент инструктор Александра Јанеска, според методологијата на јога учителот Павлос К. Хасанагас. Организаторите информираат дека сите информации за часовите по јога во природа заинтересираните можат да добијат на телефон : 078 355 044.
Извор: Strugaonline\Jога секција Охрид
Фото: Јога секција Охрид
Facebook Коментари