Лев банер Десен банер

Јован Кутаноски ќе плива од Струга до Радожда за празникот „Успение на Пресвета Богородица“

Јован Кутаноски ќе плива од Струга до Радожда за празникот „Успение на Пресвета Богородица“.
На 28.08.2025, четврток на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ младиот триатлонец и пливач Јован Кутаноски од струшкиот клуб „3дисциплини“ и кој по потекло е од Радожда, во чест на селската слава и празникот ќе плива од Струга до Радожда.

Тргнувањето ќе биде од Женска плажа Струга веднаш по благословот од Отецот кој што ќе ја извршува службата, а пречекот ќе биде во црквата Св.Недела во Радожда.

Сите кои што сакаат да го дружат во текот на пливањето истото можат да го направат, а оние кои што сакаат да го пратат во вода додека плива може да го направат со кајче.

StrugaOnline

error: