Јован Стојаноски e новиот градоначалник на Охрид

- Локални
2189

Кандидатот од редовите на СДСМ  и коалицијата  „За живот во Македонија “ Јован Стојаноски е новиот градоначалник  на Охрид. Според првичните официјални податоци на Државната изборна комисија, Стојаноски од вкупно излезените 33.754 граѓани на изборите освоил 18.251 глас или 54,07 проценти што е доволно за победа во првиот круг.

Коалицијата предводена од СДСМ победи и во трката за советнички места во идниот состав на советот на општината, со освоени 15.198, пред ВМРО-ДПМНЕ со освоени 12.871 гласови. Тука се  и листите на коалицијата ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците со освоени 2.643 гласа, листата на независниот советник Љупчо Настоски со 1.180 гласа и листата на ДПА со 323 гласа.

Извор:ДИК

Facebook Коментари