Јована Мојсоска од Левица кандидат за градоначалничка на Општина Струга

- Локални
221
Јована Мојсоска од партијата Левица и официјално кандидат за градоначалник на Струга, нејзината објава на социјалните мрежи ја пренесуваме во целост:
„Драги стружани и стружанки,
Дојде време мојата маленкост да ја објави кандидатурата за градоначалник на Струга, како еден најголем предизвик во мојот живот, зато шо Струга е местото со кое сум емотивно поврзана, местото кое ми ги дало најдобрите спомени и местото кое ме градеше и растеше низ животниот пат.
Почувствував дека сега е моментот да го прифатам овој предизвик, зато што Стружани се уморни иднината на градот да се креират надвор од Струга и нашиот град секогаш да е паричка за поткусурување на “големите играчи”. Почувствував дека сега е моментот да им се покаже на големите играчи дека ,,Македонија е подалеку од Групчин” и дека борбата не смее да е предадена однапред.
За жал, Струга е заборавена и целосно игнорирана од секоја власт, полека изумира нејзиниот лик и сјај пред налетот на корумпирани шерифи – додека градот служи само за да се поделат изборните “победи” од владејачкиот колач. Градот на Охридското езеро, кој држи реноме во светската поезија, кој создал бројни историски херои, писатели, уметници – сега е претпознатлив по пеплосаното крајбрежје, дивите депонии и хаосот од дивоградби кои демнат на секој чекор.
На овие избори немат да ветувам “брда и долини”, но можам да го ветам она што претходно Левица го покажа – а то е бескомпромисна БОРБА, борба водена врз принципи и идеи, а не борба водена за тендери и привилегии. Сигурно ние не сме најдобрите, но покажавме дека имаме волја и имаме срце да се бориме за она во кое веруваме дека е од најдобар интерес на мнозинството – а не од интерес на локалните шерифи.
Верувам и знам дека Струга може повеќе, Струга умее повеќе, Струга заслужува повеќе.
Нека овие избори бидат пресвртница каде ќе се покаже дека ГРАДОТ Е НАШ – А НЕ НИВНИ.“

StrugaOnline

Facebook Коментари