Ајде сите заедно Струга да ја подигнеме на едно повисоко ниво на култура. – oва е предновогодишната порака на ЈП Еко – Струга

-За да се намалат гужвите во сообраќајот ви ги нудиме нашите паркинзи со над 500 паркинг места. Заштитете се себеси, вашите возила и сите учесници во сообраќајот. Продолжуваме понатаму заедно да го развиваме градот Струга во една урбана, модерна и европска општина.-додаваат од претпријатието и апелираат возачите да паркираат совесно.
Пајак службата е во функција.
ЈП ЕКО Струга располага со четири паркиралишта. Паркиралиште плоштад, комитет, женска плажа – пливалиште, а во сабота е и во функција паркиралиште машка плажа (долен дел).
Цената за паркинг изнесува 50 денари.
Strugaonline
Facebook Коментари