ЈП „Комунално“-Струга: Доколку забележите истоварање на кучиња-скитници во Струга, пријавете!

- Локални
1072

Од ЈП „Комунално“-Струга информираат дека  веќе подолг период во Струга се истовараат кучиња- скитници од другите градови. За решавање на овој проблем, од претпријатието  апелираат  до граѓаните да пријават такви случаи, (регистарски таблици на возилата ) до службите на ЈП Комунално или да се јават на тел.број 046 786-640

Проблемот со кучињата скитници во Струга предизвикува страв кај граѓаните, паниката од потенцијален напад од куче расте посебно за време на вечерните часови бидејќи сосема е очекувано во зимски период навечер да има помалку луѓе, а помислата дека можеме на одредено место да се најдеме сами „очи во очи“ со кучиња скитници е многу непријатна.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари